Собрани околу 10.000 долари за семејството на момчето кое почина по интервенција на заб

news
Advertisement

Набргу по смртта на беровчанецот Јован Димовски (25), кој почина по интервенција на заб на 24-ти август, отворена е сметка за донации, наменети за неговото семејство.
Како што е наведено во апелот, мајката на Јован, Снежана и неговиот брат Александар ги чекала борба за докажување на вистината за причината на смртта на момчето, а истовремено се справувале со отежнати услови за егзистенција.

Advertisement

Александар и Јован Димовски (сега починат) уште пред своето полнолетство остануваат без едниот родител – татко кој починува во Италија. Поради трошоците за пренесувањето на телото и погребот, семејството останува со незавиден финансиски товар што го чувствуваат до денешен ден.

Во меѓувреме мајката останува без работа, а загубата на Јован кој по смртта на таткото ја превзема улогата на глава во семејството, е ненадоместлива. Но, мајката и братот имаат потреба да ја бараат и дознаат вистината за смртта на саканиот син и брат. Патот кој треба да го поминат за таа цел е полн со институционални пречки и обврски пред се од финансиска природа.

Во врска со случајот, Јавното обвинителство во Штип отвори и предмет на истрага. Од тие причини, а најмногу поради тоа дека вистината мора да излезе на виделина и секој што има вина да понесе одговорност, Ве замолуваме согласно можностите секој од нас да донираме парични средства за помош на семејството – пишува во апелот кој е актуелен на социјалните мрежи.

Според објавата, целта е да се соберат околу 11.500 долари. Во изминатите седум дена, откако е започната акцијата за донирање, собрани се околу 10.000 долари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.