Советниците во Делчево на вонредна седница по невремето, се очекува прогласување елементарна непогода

news
Advertisement

Ќе се објави и јавен повик за граѓаните да пријават штети
Поради големите штети од вчерашното невреме, советниците во Општина Делчево денеска ќе заседаваат на вонредна седница. Претседателот на Советот, Гоце Попов, најавува дека ќе се предложи одлука за прогласување елементарна непогода од поплавите, јави дописникот на МИА.

Advertisement

Се очекува на седницата се донесе одлука за формирање комисија која ќе треба да ги процени штетите, а ќе се објави и јавен повик за граѓаните да пријават штети.

Инаку од утрово надлежните тимови се постојано на терен за справување со последиците во поплавените објекти. Екипи на Јавното комунално претпријатие интензивно работат на расчистување на земјениот нанос на улиците, а во моментот на терен се и стручни екипи кои прават увид на оштетените коловози на неколку улици за да може истите итно да се санираат.

Телефонскиот број 193 е и понатаму останува отворен за пријавување проблеми за интервенции од сттана на ТППЕ Делчево.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.