Мицкоски:Американските истражители треба да почнат од владата, корупцијата само се продлабочувА

news
Advertisement

Тимот американски истражители треба да почне најпрво од Владата, има многу корупција која може да се открие преку институциите како МВР, УЈП или Катастар без длабинска анализа- смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Advertisement

Со актуелната владејачка структура, според него криминалот и корупцијата ќе се продлабочуваат, а единствено решение гледа во предвремени избори по кои тврди дека нема да има недопирливи функционери, а секој кој стекнал имот на нелегален начин ќе одговара.

По дилемите во јавноста дали овој американски тим ќе има и дипломатски притисок врз опозицијата за уставните измени, Мицкоски само потенцира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане обединета и нема да го смени ставот против бугарското барање.

Веста дека истражители од Вашингтон пристигнаа во Македонија да ловат корумпирани поранешни и актуелни функционери од сите политичари беше поздравена. Антикорупциската комисија оцени дека ова е пораз за Македонија, но и показател дека не сме ја завршиле нашата домашна задача. И од Кабинетот на шефот на државата за Канал 5 одговорија дека Пендаровски го поздравува ангажманот од САД, но потенцира дека справувањето со овој проблем треба да го решаваме преку нашите институции.

-Претседателот Пендаровски ја поддржува секоја иницијатива којашто ќе помогне во борбата против корупцијата, но смета дека тоа е обврска на нашите домашни институции. Претседателот поддржува “ветинг” како процес за сите актуелни функционери и притоа смета дека ангажманот на меѓународни експерти е добредојден, но сепак главната задача ќе треба да ја завршат нашите домашни институции. – велат од кабинетот на Пендаровски.

Во меѓувреме за следната недела е најавена посета на високи американски дипломати во земјава. В среда во Скопје доаѓа Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД на средба со владини претставници, а една од темите ќе биде токму борбата против корупцијата. Во делегацијата со него се очекува да пристигне и специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.