СОНК: Нема да има штрајк на стартот на учебната година

news
Advertisement

Синдикатот за образование оценува дека најавата за штрајк од независниот синдикат за образование е задоцнета. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков за Алсат изјави дека штрајкот не може да се организира денеска за утре и покрај проблемите во образованието. Исто така, Неделков рече дека немаат никаква комуникација со независниот синдикат за образование и не се информирани за нивните барања.

Advertisement

Неделков најави дека се очекува во септември да бидат потпишани колективните договори за основно и средно образование. Иако одби да открие повеќе, Неделков рече дека со колективните договори за одреден дел од наставниците ќе се плаќа превоз.

Првиот човек на Самостојниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски, вчера изјави дека новата учебна 2023-24 година може да започне со штрајк во образованието, бидејќи според Гиевски, наставниците не се задоволни од непочитување на колективниот договор. Исто така, Гиевски изјави дека револтот, меѓу другото, се должи и на најавените промени во образованието како и на ниските плати, кои според Гиевски се пониски од просечните.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.