Сопругот никогаш не се смири: „Од 45 години брак, 30 ме изневеруваше – Се смеам, но душата ми е празна“

news
Advertisement

Не секоја жена реагира соодветно откако ќе дознае за неверствата на својот сопруг. Не носат сите жени исти одлуки ниту пак сите имаат исти животни можности. Велат, Најлесно е да се суди од страна, но не е секогаш се едноставно како што изгледа. Барем не во овој случај.

Advertisement

Една жена испратила писмо до една редакција, а последните зборови во него биле: „Се смеам, но душата ми е празна“.

Читателка, која се потпишува како Депресивна, пишува за несреќениот брак и нежната врска по смртта на нејзиниот сопруг, која за жал не траела долго. А ние ви ја пренесуваме во целост:

-Бев во брак со човек кој не ја заслужи мојата лојалност и љубов. Ме изневеруваше 30 од нашите 45 поминати во брак. Од друга страна, знам дека ме сакаше на свој начин. Ги исполнуваше своите брачни обврски и беше совршен татко, напишала оваа госпоѓа, а може да се претпостави зошто останала со сопругот и покрај тоа што тој постојано ја изневерувал.

Каков и да беше, таа се потпирала на него, до тој степен што тешко ја прифати и неговата смрт.

Кога починал сопругот, таа била страшно лута на него што ја остави сама, а подоцна паднала во тешка депресија. „Едноставно не знаев како да продолжам да живеам сама“, додава нашата читателка.

Дури по две години сфатила дека нема да може да продолжи да живее така.

-Времето продолжи да тече и целата моја љубов ја насочив кон моите деца и внуци. Бев целосно сама седум години, додека не дојде еден човек на кој му се посветив. Не можев да го сакам во романтична смисла, но имав врска која ми донесе барем малку нежност во животот, пишува оваа жена.

Немаше толку среќа ниту вториот пат

Јасно е дека г-ѓа „Депресивна“ не чувствувала вистинска нежност ниту во бракот, освен можеби тие први години, додека нејзиниот сопруг не почнал да се гледа со други жени.

Започнал и не престанал 30 години. Само госпоѓата знае како се чувствувала во тие години и со кои искушенија се борела. Затоа не е чудно што во новата врска не можела целосно да се опушти и да го сака тој маж.

Но, нежните односи во кои таа влегла по смртта на сопругот, за жал, не траеле долго. „Господ сакаше да го земе при себе и јас сум повторно тажна и сама. Ова е мојата судбина, ова е мојата животна приказна. Се смеам, ама душата ми е празна“, се тешките зборови со кои госпоѓата го заввршила своето искрено писмо.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.