Софијанова ги исплатила сите средства на клиниката пред да си даде оставка

news
Advertisement

Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова и ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња.

Advertisement

Директорката на Детската клиника заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев минатиот месец поднесоа оставки, откако во јавноста излегоа информации дека си исплаќале високи додатоци за дежурства и прекувремена работа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.