“Со еден удар две муви”: Груевски објави текст на грчки весник од 1892 година кој пишува за посебноста и различноста на Македонците и Бугарите

news
Advertisement

Грчки весник во 1892 година за различноста на македонски јазик и различното писмо од бугарското, незадоволството и притисокот врз Mакедонците во Бугарија заради тоа.

Advertisement

1892 год. Грчкиот весник- неделник “Неологос” кој се печател во Цариград од 1871 година до 1894 година, Отоманската Империја во отоманската грчка печатница и со подршка на грчкиот конзулат се занимавал со политички прашања, филологија и наука.

Најпосле весникот Свобода согледа прст на противдејство на бугаризмот и меѓу бегалците Словеномакедонци во Бугарија, па поради тоа најде за неумесно да ги остави на мир и бегалците иселени поради тие дејства на бугарските пропагандисти и населени во Бугарија. Земајќи повод од едно периодично списание под наслов Лоза издавано во Софија на словеномакедонски јазик, со сосем друг правопис (не бугарски), Свобода изригнува разрушувачки пени против Словеномакедонците во Бугарија и ги заплашува со испадување. И зошто? Затоа што Словеномакедонците измамени и со оставени таткови огништа се преселуваат во Бугарија, каде што, откако ќе се запознаат поодблизу со бугарскиот народ, со неговиот јазик, нарави и обичаи и кога ќе ги најдат туѓи за себеси, ја сетуваат измамата и почнуваат да си го разработуваат својот мајчин јазик, издавајќи разни периодични списанија и весници на него. Овој правец од Словеномакедонците Свобода го карактеризира како шлаканица врз панбугаризмот и откако размислува за јазикот и правописот Лоза, го наоѓа јазикот на Словеномакедонците неразбирлив за Бугарите, а правописот сосем туѓ на бугарскиот, и прашува: која е целта и намената на печатењето во главниот град на Бугарија списанија на словеномакедонското наречје, кога Бугарите не го разбираат?…

ИЗВОР: https://infomax.mk/%d1%81%d0%be-%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d1%83%d0%b4%d0%b0%d1%80-%d0%b4%d0%b2%d0%b5-%d0%bc%d1%83%d0%b2%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8/?fbclid=IwAR1AOqAB7U73CKO1i_RJyuvo2DPSgFwE2F8ayT5VumbW6L2X41mDZXGzf-8

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0dYuhwzauHLT4ieNyASDMFmhYX1mwYp8cdG2UWGQfG7zZAzFHPryk5fZ6rNjSX7mHl&id=100044378201385&mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.