(Видео) Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да се вика охридска рамковна капитулација – Да не се лажеме, има две држави на една територија!

news
Advertisement

Охридскиот рамковен договор требаше да се вика Охридска рамковна капитулација, вели во денешната епизода на Тешки муабети ко-водителот Филип Петровски коментирајќи го поставувањето на плоча со мапа на “голема Албанија” во кумановско Сопот.

Advertisement

Таа капитулација од наша страна епобеда од нивна страна, сега вака ако гледаш за поразените нема ништо, тоа значи за нашите бранители, а победниците си имаат и музеи и споменици, 50 метра кула, имаат власт, претседател на Парламент, министер за финансии, се под нивна контрола… Фактите говорат дека победничката контрола од 2001 е на власт, а тие што изгубија се самоубиваат, умираат во сиромаштија и не се на власт. Јас знам дека тоа звучи грубо, ама тоа е вистина, само наративот е така скован да се чувствуваме малку помалку поразени, тоа е договор, не капитулација, вели Петровски.

Териториите кои тие си ги одбележаа по 2001 година, по победата, тие си ја владеат. Формално не е поделена државата, но на терен имаме две држави на една територија, додава Петровски.

Извор: https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd/?fbclid=IwAR3wZA00enQn8b71r2fyCB7nXzG6jos_WMtxBtUg4dTisgVtyS1o-p-9ZPE

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.