Спасено новороденче од под урнатините во Сирија – папочната врвца се уште била врзана за неговата мајка, која починала

news
Advertisement

Во текот на вчерашниот ден светот го обиколи снимката од штотуку родено бебе спасено од под урнатините во земјата. Неодвоената папочната врвца со мајката, е доказот дека мајката за време на земјотресот го родила бебето. Тоа е во добра здравствена состојба, но неговата мајка за жал починала веднаш откако на свето го донела малото девојче. Спасувачките тимови во Сирија, кои преземаат натчовечки напори на студеното време за да бараат жртви од разорниот земјотрес, апелираат за итно потребна тешка опрема за спасување животи. „Спасувачките тимови ги пробуваат сите можни средства за да ги извлечат жртвите од под урнатините… Работата продолжува, но ги повикуваме сите организации да ги забрзаат своите напори и да помогнат во спасувањето на луѓето кои се уште се заглавени под урнатини“, е пораката на спасувачите од Сирија…

Advertisement

Дваесет и седум спасувачки тимови се мобилизирани во потрага по преживеани по разорниот земјотрес во Турција, објави комесарот за кризни состојби на Европската унија, Јанез Ленарчич…

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.