Advertisement
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска полни 46 години, а роденденот го прославува во Берлин, каде вработените од неговиот тим и од Македонската амбасада го изненадија со роденденска торта.
Advertisement
„Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин. Ви благодарам на сите за искрените честитки. Да сте живи и здрави!“, напиша министерот на Фејсбук, објавувајќи фотографии од изненадувањето, на кои тој ги дува свеќите.
Advertisement