Спасовски: Сите служби работат на информации за можното движење на избеганиот затвореник

news
Advertisement

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека се работи на прибирање на информации и сознанија за можното движење на избеганиот затвореник Беким Мемети.

Advertisement

Спасовски во интервју за телевизија 24 не сакаше да открие детали, но рече дека се прибираат информации со цел да се дојде до сознание каде се наоѓа избеганиот затвореник.

-Сите служби работат да се добијат информации за движење на лицето, за да се обезбеди негово приведување. Не може да споделиме повеќе информации и покрај меѓународната потерница што е обврска во вакви случаи да се распише. На основа на добиени информации, се преземени мерки за заштита на одредени лица кои работеле на тој предмет за кое е осудено ова лице и низа на оперативни мерки на прибирање на податоци на други кирминалистички мерки, за дојдеме до информација каде се наоѓа лицето – рече Спасовски.

Според него, имало многу нелогичности и затоа имало истрага во однос за помош на бегството.

– Имаше многу нелогичности и затоа имаше истрага во однос за помош на бегството и изрековме мерки за претпазливост и притвори и заштита на четворица затворски полициски службеници кои сметаме дека се дел од проблемот – рече Спасовски.

Затворската полиција, како што потенцира, е полиција што нема врска со МВР и со судската полиција.

– Не треба никој заради дневно-политички цели да ги злоупотребува. МВР не може да вработува во затворска полиција зошто тоа е надвор од МВР – рече Спасовски додавајќи дека тие се под Министерството за правда.

Во однос на тоа дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе оди за амбасадор во Париз по случајот Онишченко, Спасовски рече дека на Влада се уште не е разговарано за тоа.

Безбедносната состојба во земјава, ја оцени како мирна и стабилна и без индиции дека би можела да биде доведена во прашање.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.