Спасовски: Со буџетот на МВР планирани средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа на полицијата

news
Advertisement

Во насока на зголемување на мотивираноста на полицијата, министерот Спасовски при презентација на предлог буџетот на МВР за идната година потенцираше дека се проектирани средства за бонус плата на вработените за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2022 година. „Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, но и предвидената во овој Буџет за остварени над 150 часа прекувремена работа во 2022, вработените во МВР веќе немаат дилема дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат. Само за илустрација, во 2022 година исплатени се бонус плати за 5.922 вработени, како бонус за 2021 година, во поединечен нето износ по вработен од 28.718 денари“, потенцираше министерот Спасовски, додавајќи дека на овој начин се овозможува продолжување на востановената заложба за создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.