Advertisement
Од први октомври вработените во МВР ќе имаат зголемување на платите за 10 проценти, но и дополнителен регрес за годишен одмор од 10 000 денари за секој полициски службеник.
Advertisement
Ова го порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на отворањето на синдикалните игри на МПС.
– Секогаш кога верувате во една иста цел, мора да дојдете до решение. Тоа решение мора да биде во интерес на членовите на Македонскиот полициски синдикат, но и на сите вработени во МВР, порача Спасовски.
Advertisement