Спасовски: Целиот овој период имаме многу дезинформации и политизација на настанот, тоа не е добро за правдата

news
Advertisement

„Целиот овој период имаме многу дезинформации, невистини во јавноста, политизација на настанот. Тоа апсолутно не е добро за никого, ниту пак е добро за правдата. Ваквите тврдења кои се неоснова и неаргументирани извршуваат уште еднаш убиство врз жртвите и навистина влијаат негативно на атмосферата и на семејствата. Меѓутоа, клучно во целиот овој процес е дека постапувањата започнуваат од моментот на пријавувањето. Се постапува врз основа на пријавите и тоа од моментот кога се пријавува“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Advertisement

Тој додаде дека не сака шпекулациите да бидат на преден план. Една од нив е и дека било извршено убиството од една или друга етничка припадност, дека им било дозволено да избегаат во Косово, дека девојчето се наоѓа во џамија во Косово.

„Тоа беа најгнасните лаги. Тоа беше најдолното нешто што може да се случи. Ова се такви тврдења кои можат да ги направат десни екстремистички групи во овој период што апсолутно не соодветствуваат со реалноста и сакаа на тој начин да се предизвика недоверба и страв и покрај брзината и ефикасноста со којашто работеше полицијата“, потенцираше Спасовски.

Тој додаде дека во однос на случајот со велешанецот, во однос на пријавата, шпекулациите во јавноста, пријавувањето за исчезнување е извршено на 24ти вечерта за исчезнување на лице коешто живеело само, фамилијата го побарала во еден момент и не го нашле и возилото не било тука. Се претпоставувало дека лицето заминало некаде со возило.

„Во тој момент започнуваат сите постапки во однос на истрагата во Велес од страна на секторот на МВР во Велес. Има стандардни процедури по кои се постапува и одат работите од општото кон поединечното во делот на истрагите. Тоа го знаат сите тие коишто тоа го работат како струка. Во однос на случајот во Скопје, после пријавувањето, се активираа сите механизми во однос на пронаоѓање на девојчето. Понатаму ние соопштивме како се утврдува поврзаноста со возилото, можните вршители и врз основа на сите тие мерки коишто биле преземени се доаѓа на крајот до извршителите на ова грозоморно дело“, заклучи Спасовски

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.