Специјалистите објаснуваат: Како да знаете дека се мајмунски сипаници, а не друга кожна болест?

news
Advertisement

Многу луѓе можеби останаа збунети и загрижени дека секоја нова испакнатина на нивната кожа може да биде знак на мајмунски сипаници, вирус кој ова лето предизвика епидемии низ целиот свет.

Advertisement

Британски „Сан“ разговарал со двајца експерти за кожа, за да се открие кои се знаците и симптомите на лезиите од мајмунските сипаници и како можете да ги разликувате од другите кожни заболувања.

Специјалистот за кожа и коса Сем Цинкир рекол:

– Мајмунските сипаници носат многу симптоми кои лесно може да се помешаат со други почести болести, па затоа треба да знаете на што да обрнете внимание.

Меурчињата (пликовите) од мајмунските сипаници често се слични на акните: црвени дамки кои изгледаат како да се полни со гној.

– Ако не сте склони кон акни, некои ненадејни дамки на вашето лице можат да предизвикаат страв дека сте биле изложени на мајмунски сипаници – рекол Сем и додал:

– Ако сте склони кон акни, можеби сте загрижени дека вашите дамки побрзо се развиваат или букнуваат полошо отколку што сте доживеале претходно.

Меѓутоа, неодамнешното истражување објавено во „Бритиш журнал за дерматологија“ открило дека главните лезии поврзани со мајмунска сипаница кои изгледаат како пустули или лезии исполнети со гној, всушност, се нешто сосема друго.

– Ако го изгребете горниот слој на пустулата (акната), доаѓате до гнојот внатре; со лезијата на кожата од мајмунските сипаници, тоа не можете да го направите – рекол д-р Раби Намби од Британското здружение на дерматолози.

Истражувачите ги опишале лезиите на кожата на мајмунските сипаници како псевдо-пустули, бидејќи иако изгледаат како пустули, тие не делуваат како такви.

– Изгледаат како меки плускавци исполнети со гној, но се многу поцврсти на допир – рекол д-р Раби и додал:

– Ова е важно, бидејќи ова е многу необична карактеристика, која обично не се забележува кај други состојби на кожата.

Осипот од мајмунски сипаници може малку да личи на херпес и мали сипаници.

Но, растојанието помеѓу осипот од мајмунски сипаници на телото е различно од другите вируси.

– Повеќето случаи на мајмунски сипаници покажуваат групирање на лезиите во кластери, како и независно расеани лезии – изјавил д-р Раби.

– Ова го прави различен од херпесот, кој обично е само групиран, и малите сипаници, кои се пораспространети со малите плускавци. Дамките од мајмунските сипаница може да се појават насекаде на телото, вклучително и устата и гениталниот дел, рекол Сем.

Меѓутоа, за разлика од херпесот, мајмуните сипаници се појавуваат и на рацете и дланките.

– Фактот што осипот од мајмунските сипаници исто така често се појавува во пределот на гениталиите и околу анусот, значи дека лесно може да се помеша со сексуално преносливи болести – рекол Сем.

– Херпесот, на пример, може да предизвика мали плускавци, кои потоа пукаат и оставаат отворени рани, како и чешање или печење околу гениталиите.

Д-р Раби додал:

– Осипот од мајмунските сипаници може да изгледа слично на вообичаените осипи, како што се гениталниот херпес и варичела, но повеќето случаи на мајмунските сипаници започнуваат на гениталиите, лицето, рацете, дланките и перианалното подрачје.

Херпес осип обично останува фокусиран на или околу гениталиите, ректумот или устата.

– Осипите се многу чести, додека случаите на мајмунски сипаници се многу ретки, така што, неизбежно, повеќето осипи нема да бидат мајмунски сипаници – рекол д-р Раби.

– Единствениот начин на кој можете да бидете сигурни дека симптомите што ги искусувате се предизвикани од друг проблем, освен мајмунските сипаници е да се обратите кај професионалец и да побарате совет од него – рекол Сем.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.