Србија од 1 ноември нема да купува руска нафта преку Јадранскиот нафтовод

news
Advertisement

На Србија ѝ воведоа санкции за руската нафта, откако земјите од Европската Унија гласаа за осмиот пакет санкции против Русија, кои вклучуваат ограничување на цените на руската нафта што ја извезуваат трети земји.

Advertisement

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Прага, каде учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница порача дека најодговорна за блокадата е Хрватска, и наскоро се очекува да испрати жесток одговор.

Главната причина поради која српскиот претседател е незадоволен од одлуката на ЕУ е тоа што Бугарија, каде што работи рускиот Лукоил, доби привилегирана позиција, односно изземање, а исто и Унгарија и некои други.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пак изјави дека реакциите се очекувани од српска страна, но уверува дека одлуката на Европската Унија е заедничка на сите членки ..Србија не може да седи на две столици, да биде земја и овде да развовара за европската перспектива а да не почитува ниту една санкција кон Русија, истакна хрватскиот премиер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.