СРБИЈА ЈА КУПИ НАРЕДБАТА НА ХИТЛЕР ДА СЕ НАПАДНЕ ЈУГОСЛАВИЈА „Директивата бр. 25“ ги содржи и одредбите за окупација на Македонија од Бугарија

news
Advertisement

Овој документ содржи и експлицитна наредба да им се предадат делови од југословенската територија на Бугарија и Унгарија по окупацијата на Југославија, се вели меѓудругото во соопштението на српската влада.

Advertisement

Владата на Србија денеска соопшти дека земјата ја купила Директивата „бр. 25“ со која германскиот канцелар Адолф Хитлер на 27 март 1941 година издал наредба за напад врз Кралството Југославија и Кралството Грција.

Во соопштението се наведува дека документот, чија содржина го означи почетокот на Втората светска војна на целата територија на Кралството Југославија, по својата важност за Србија е споредлив со телеграмата со која Австро-унгарската империја му објави војна на Кралството Србија на 28 јули 1914 година.

Овој документ содржи и експлицитна наредба за спроведување на брутални воздушни напади и деноноќно бомбардирање на Белград, подготвеност да им предадат делови од својата територија на Бугарија и Унгарија по окупацијата на Југославија, како и тоа дека со политички ветувања на Хрватите ќе се заостри внатрешно-политичката тензија во Југославија, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека содржината на таа директива резултирала, меѓу другото, и со создавање на сите неопходни предуслови за формирање на независна држава Хрватска, односно за иницирање геноцид врз припадниците на српскиот народ на целата нејзина територија.

Извор. https://plusinfo.mk/srbi-a-a-kupi-naredbata-na-hitler-da-se-napadne-ugoslavi-a-direktivata-br-25-gi-sodrzhi-i-odredbite-za-okupaci-a-na-makedoni-a-od-bugari-a/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.