Исчезнувањето на Марија останува еден од најмистериозните случаи во Македонија: Каде исчезна младата мајка од струмичко?

news
Advertisement

За помалку од два месеци ќе се навршат четири години од исчезнувањето на Марија Брзакова од струмичко Босилово. Тоа засега е еден од најмистериозните случаи без одговор: каде исчезна младата мајка на 18 јануари 2020 година, објавува телевизија ТЕЛМА во прилог посветен на младата струмичанка.

Advertisement

Марија Брзакова која со сопругот и малолетната ќерка живеела во Швајцарија, во моментот на исчезнувањето била на одмор во родниот крај. Престојувале во родната куќа на сопругот. Според неговиот исказ даден во полиција, таа излегла рано утрото по тренерки и патики или влечки, без да земе со себе паричник, мобилен или било каков документ. Оттогаш и се губи секаква трага.

Марија со недели ја бараше полицијата, локални ловечки друштва, доброволци од неколку села, но и специјални единици на МВР со кучиња трагачи. Се пребаруваше целиот регион на потегот од Струмица до речните корита што одат до границата со Бугарија. Сепак, полицијата не наиде на никаков значителен траг.

Случајот со младата Марија која во моментот на исчезнувањето имаше 28 години и била во рана бременост се уште се води за отворен во Основното јавно обвинителство. Оттаму појаснуваат дека се покренати активности по меѓународна правна помош и е побарано соработка со неолку странски држави и компании.

На ниту еден граничен премин не е регистрирана дека ја напуштила Македонија

Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.

Таа е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица имаше флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.

Пред четири години, неколку денови по исчезнувањето, стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, ја бараа Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.

Според информациите од блиските, на денот на исчезнувањето, Брзакова била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.