Срби уапсени во Виена поради смртта на нивното тримесечно бебе: ИМАЛО СТРАШНИ ПОВРЕДИ!

news
Advertisement

Срби уапсени во Виена поради смртта на нивното тримесечно бебе: ИМАЛО СТРАШНИ ПОВРЕДИ!

Advertisement

Маж (29) и жена (26) по потекло од Србија, кои беа уапсени во Виена под сомнение дека ја предизвикале смртта на нивното тримесечно бебе, и претходно биле познати на австриските социјални служби.

Како што пишуваат тамошните медиуми, двојката од Србија, која веќе некое време не живее заедно, има и двегодишна ќерка. Регистрирано е дека лани се обратиле до социјалните служби за да добијат парична помош. Тоа го направиле тоа за прв пат во март 2023 година, и се јавувале во службите се до мај.

Тие се приведени во четвртокот поради сомнение дека ја предизвикале смртта на нивното тримесечно бебе. Мајката на почетокот на февруари го донела детето во одделот за итни случаи во виенската област Отакринг, но бебето тогаш веќе било во несвест. Лекарите веднаш констатирале дека бебето има неколку скршеници. Се верува дека детето починало како резултат на згмечување, бидејќи се здобило и со сериозни повреди на мозокот, пренесува Телеграф.

Бебето веднаш било префрлено во друга болница, каде лекарите се обиделе да го спасат, но сите обиди биле залудни бидејќи повредата на мозокот била повеќе од сериозна. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за бебе родено на крајот на ноември 2023 година.

– И двајцата родители, 29-годишниот татко и мајката, која е три години помлада, сега се под истрага – изјави Нина Бусек, портпарол на јавното обвинителство, додавајќи дека ним се уште не им е одреден притвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.