Срдечен поздрав меѓу Пендаровски и Давкова, двајцата најсериозни конкуренти за претседателската трка

news
Advertisement

Иако кампањата во пресрет на парламентарните и претседателските избори не е сосема културна и на ниво, сепак, двајца учесници во претседателската трка покажаа дека таа може да се тера и тоа како воспитано, само доколку за тоа имаат желба и разбирање.

Advertisement

Имено, вчера фотоапаратите уловија срдечен поздрав меѓу претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и Гордана Давкова Силјановска, како што доликува на двајва луѓе кои сакаат да ја освојат довербата на граѓаните токму во натпреварот да се стане татко на нацијата и претседател на сите граѓани.

Тоа се случи на Комеморативната вечер во Музејот на холокаустот што се одржа синоќа во спомен на македонските Евреи, каде двајцата кандидати имале прилика да се сретнат и накратно да се поздрават, а што како чин беше уловено од фоторепортерите.

Оваа фотографија ја објави токму кандидатот Стево Пендаровски на својата официјална фејсбук страница, заедно со други фотографии од овој настан.

„Комеморативна вечер во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка.

Чувајќи ги спомените за жртвите, не смееме да дозволиме злосторниците да бидат славени, а соучесниците рехабилитирани. Бидејќи на тој начин би учествувале во она што Примо Леви го нарече војна против меморијата и фалсификување на историјата.

Ние не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи бидејќи компромисот со вистината отвора можност за повторување на злосторствата“, напиша Пенадровски на фејсбук заедно со објавените фотографии.

Како што е познато, Пендаровски е актуелен шеф на државата и кандидат на СДСМ, кој ќе се обиде да добие уште еден претседателски мандат, додека професорката Силјановска Давкова е кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и таа ќе се натпреварува по втор пат за претседателската фотелја, откако во претходниот изборен натпревар му беше противкандидат на Пендаровски.
Токму Пендаровски и Давкова се најсериозни конкуренти во претстојната претседателска трка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.