Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на српската војска на Косово

news
Advertisement

Претставниците на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Advertisement

Како што јави Радио-телевизија на Србија, барањето е поднесено на управниот премин Мердаре.

Владата на Србија вчера вечер одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката била донесена едногласно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.