Српски државјани загинаа во страшна несреќа во Словенија: ПАДНАЛЕ ОД 1600 МЕТРИ

news
Advertisement

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулијските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело.

Advertisement

Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место.

Според словенечки „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија.

Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите.

Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *