Становите нема да поевтинуваат, вели Серафимовски од Градежната комора

news
Advertisement

Цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат, па очекуваме стабилизација и на цената на недвижнините, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Градежната комора при Стопанската комора. Цените на становите нема да се вратат на нивото од пред кризата, категоричен е тој. Секако, стабилизацијата нема да биде на онаа цена на која сме навикнати, туку цената ќе биде одраз на она што компаниите реално трошат дополнително и колку е голема побарувачката. Така што, очекуваме некоја стабилизација, но на цена повисока за 20 до 25 проценти од таа пред кризата“, вели Серафимовски.

Тој додава дека очекува да се намали побарувачката на станови со растот на каматите на станбените кредити, но не очекува драстично намалување на купувањето на станови оти и искуството покажува дека граѓаните купуваат недвижнини во криза.

Во второто тримесечје од 2022 година, цените на становите во Македонија остварија годишен раст од 16,5 проценти, што е рекордно зголемување во изминатава деценија. Во четвртото тримесечје од 2021 година, растот изнесуваше 11,4 проценти, а во првото тримесечје од годинава 12,5 проценти. Од 2011 година наваму, цените на становите се зголемени за 26,6 проценти.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.