Стано: Договорот меѓу Србија и Русија отвора сериозни прашања Опсервер: Стано: Договорот меѓу Србија и Русија отвора сериозни прашања | opserver.mk

news
Advertisement

Европската Комисија реагираше денеска за договорот склучен меѓу првите дипломати на Русија и Србија за натамошни консултации, откако повеќе европратеници побараа замрзнување на преговорите со Белград, јави дописничката на МИА од Брисел.

Advertisement

Портпаролот за надворешни работи во Европската Комисија, Петер Стано, рече дека со оглед на контекст на нелегалната инвазија врз Украина, склучувањето на овој договор меѓу Србија и Русија е причина за загриженост во ЕУ. -Во овие услови, фактот што министерството за надворешни работи на Србија прифаќа редовни консултации со земја која врши вакви ѕверства е јасен сигнал дека ќе ги зајакнуваат нивните односи понатаму, и ова отвора сериозни прашања за ЕУ, рече Стано. Портпаролот нагласи дека Србија е таа што го прогласи членството во ЕУ како приоритет, а од земјите кандидати за членство се очекува усогласување со ЕУ политиките, вклучително и во делот на надворешната политика. Србија е исто така цел на остри критики во ЕУ затоа што не усвои санкции против Русија, а го остави отворен и својот воздушен простор за оваа земја. Белград и Москва преку нивните министри за надворешни работи во Њујорк потпишаа договор за соработка минатата недела. Во текот на овој викенд неколку европратеници повикаа да се замрзнат преговорите за членство во ЕУ со Србија. На ова прашање не одговори Европската Комисија
Опсервер: Стано: Договорот меѓу Србија и Русија отвора сериозни прашања | opserver.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.