Стотици германски полицајци под сомневање за екстремизам

news
Advertisement

Околу 400 полицајци во германските покраини се осомничени за десен екстремизам. Надлежниот сојузен комесар Ули Греч смета дека опасноста е поголема од кога било досега.

Advertisement

Во моментов се водат дисциплински постапки или истраги против околу 400 полицајци во германските покраини поради сомневање за десноекстремни ставови и/или застапување идеологии на заговор, информираат „Штерн“ и телевизијата РТЛ, повикувајќи се на одговорите од 16-те покраински министерства за внатрешни работи дадени на прашалник на оваа тема. Вистинската бројка е веројатно уште повисока, со оглед на тоа што, како што се вели, Берлин, Мекленбург Предна Померанија, Бремен и Тирингија не можеле да достават актуелни бројки.

Ополномоштеникот на германскиот Бундестаг за полицијата, Ули Греч, вели: „Живееме во времиња во кои десничарските екстремисти целно се обидуваат да ја дестабилизираат полицијата“.

Опасноста е поголема од кога било досега, уверен е Греч: „За целата земја. И затоа и за полицијата.“

„Голема опасност за демократијата“
Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл, изјави: „Полицајците кои не стојат на основата на Уставот, туку се залагаат за екстремистички ставови, претставуваат голема опасност за демократијата и владеењето на правото“. Ројл не сака овие луѓе да бидат во полициските сили.

Истраги за можни екстремисти во редовите на безбедносните органи на покраинско и сојузно ниво има со години. Сојузното Министерство за внатрешни работи веќе имаше објавено извештај за ситуацијата во 2022 година. Тогаш беше обелоденето дека во рок од три години 327 вработени паднале в очи поради врски со десничарски екстремизам или со милјето на „Граѓаните на Рајхот“.

По обвинувања за расизам против полицијата, во 2023 година беше објавен уште еден извештај, вклучувајќи ги и политичките ставови на полицајците. Истражувањето е спроведено и со лица на раководни позиции и чувари во затворите. Честа реакција на испитаниците беше нивното укажување на „несреќни поединечни случаи“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.