Стотици илјади луѓе ја славеа титулата на Аргентина во Росарио, родниот град на Меси

news
Advertisement

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Росарио, родниот град на Лео Меси, за да ја прослават третата светска титула на Аргентина, освоена во спектакулараното финале со Франција.

Advertisement

Луѓето почнаа да се собираат набргу откако Меси го крена трофејот на крајот на Светското првенство во Катар и останаа на улиците до доцна навечер, при што се заборави на локалното фудбалско ривалство помеѓу Сентрал и Њуелс, додека целиот град се обедини во прославата на титулата што Аргентина ја чекаше 36 години.

Сите три гола во финалето ги постигнаа играчи кои потекнуваат од Росарио: два даде Меси, кој ја почна кариерата во Њуелс олд бојс, а еден додаде Анхел ди Марија, кој играше за локалниот ривал Росарио Сентрал.

„Ние сме шампиони, тоа е она што сите го сакавме, а најмногу за Меси и целиот тим“, изјави локалниот жител Сантијаго Ферарис.

„Ова е лудило и ги надминува сите мои очекувања. Сите слават, сите сме обединети“, додаде 28-годишниот Херемијас Реголо.

„Аргентина ја заслужи оваа среќа, по сето она лошо што се случува во земјата“, кажа 21-годишниот Родриго Медина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.