Стотици мажи во Загреб се молеа да запре сексот пред бракот

news
Advertisement

Во самиот центар на Загреб денеска се собра група мажи кои дојдоа со бројаници и огромни слики на Богородица. Наредени еден до друг клекнаа на плоштадот и почнаа да се молат. Еден од водачите на молитвата беше Џон Батарело, шеф на ултраконзервативното здружение Вигиларе, објави хрватски Телеграм.

Advertisement


Во еден момент собраните ја испеале песната „Кралица на небото, кралица на Хрватите“. Насобраните мажи се молеле за повеќе работи, меѓу кои:

„Татковина, мир и преобраќање на хрватскиот народ, за мажите – да станат духовни авторитети во семејството кои храбро ќе сведочат и ќе ја пренесат католичката вера.

Потоа за „престанок на предбрачните односи, за чистота во облекувањето и однесувањето и за обновување на католичките бракови“, како и за „крај на абортусите“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.