Странски хуманитарни работници загинаа во израелски напад во Газа

news
Advertisement

Седум хуманитарни работници загинаа во израелски воздушен напад во Газа, објави невладината организација „Светска централна кујна“ (WCK), за која работеле хуманитарците.

Advertisement

Оваа хуманитарна организација, која доставува храна во Појасот Газа, објави дека ги прекинува операциите во регионот.

Според информациите, загинале австралиски, полски и британски државјани, како и едно лице кое имало двојно американско-канадско државјанство и едно палестинско.

Претходно, основачот на организацијата, шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес, на мрежата Х објави дека четворица странски хуманитарни работници и нивниот палестински возач биле убиени во израелски напад.

Во соопштението на невладината организација се осудува „трагедијата“ и се наведува дека хуманитарните работници биле убиени „додека работеле на поддршка на хуманитарната работа за испорака на храна во Газа“.

Австралија ја потврди смртта на својот државјанин и го осуди нападот, а САД соопштија дека се „длабоко вознемирени“ од настаните.

Израелската војска соопшти дека „го разгледува трагичниот инцидент на највисоко ниво за да ги утврди околностите“, додавајќи дека „тесно соработува со WCK“ за дистрибуција на помош.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.