СТРЕСОТ и КИЛОГРАМИТЕ! Нутриционист открива ЗОШТО не можете да изгубите тежина!

news
Advertisement

Можеби на менталниот товар реагирате со потоци од солзи, бескрајни обврски или постојано сте болни. Или посегнувате по храна, вечно гладни, што има свое објаснување во – кортизолот…
„Сето тоа е на нервна база“ – колку пати сте ја слушнале оваа реченица. Во последно време некои, можеби премногу често. Дали знаевте дека стресот може значително да влијае на вашата способност да одржувате здрава тежина? И не само тоа, истиот тој стрес може да ве спречи да го изгубите посакуваниот вишок килограми, вели нутриционистката Дијана Радетиќ.
– Врската помеѓу стресот и вишокот килограми е многу силна, бидејќи во стресна ситуација кортизолот – хормон на стресот – го снабдува телото со гликоза, која ја има во помали залихи во црниот дроб. Оваа енергија ви е потребна за да се соочите со стресот или да побегнете од него, за т.н бори се или бегај реакција – објаснува нутриционистката.

Кортизол и инсулин
Сепак, примарната улога на кортизолот е, меѓу другото, да го спречи инсулинот.
– Инсулинот има улога да ја отклучи вратата на клетката и да ја нахрани со енергија, т.е. гликоза. Под постојан стрес, инсулинот ја губи својата функција, клетката станува отпорна на него, што на крајот резултира со отпорност на инсулинот. Во пракса тоа значи дека и покрај енергетскиот внес, клетката сепак останува гладна – нагласува Дијана.
Решенија
Кога ќе ја разбереме ситуацијата и причината за проблемот, полесно е да се соочиме со него.

– Пред се, треба да научите да го контролирате стресот. Полесно е да се каже отколку да се направи, но тоа е единствениот начин. Некој помудар од мене вели „Променете го она што е до вас, прифатете го она што е до другите“. Исто така, постојат многу начини за исфрлање на енергијата, а на вас останува да примените барем еден од нив. Тука се шетањето, трчањето, медитацијата, молитвата, длабокото дишење, броењето, удирањето во вреќата, читањето книги, слушањето музика, пеењето, танцувањето. Кога станува збор за исхраната, пијте доволно вода, обезбедете половина чинија зеленчук и користете намирници кои се најблиску до нивната првобитна форма – советува нутриционистката.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.