Судовите пред ставање клуч на врата, а власта не ги слуша ниту сирените на Брзa помош

news
Advertisement

Од Синдикатот на УПОЗ најавија дека штрајкот на судството не само што нема да престане туку и ќе се радикализира, можно е судовите да не работат доколку не седне работна група од петмина министри да преговара со нив. Здравствените работници вчера, преку мирни протести пред здравствените објекти, се собраа да кажат дека не може да го поминат месецот со своте плати, а секојдневно се грижат за здравјето на пациентите. Пензионерите од сите градови на земјава, пак, бараат за 5.000 денари линеарно да се зголемат пензиите, а минималната да биде 18.000 денари..

Advertisement

Македонските граѓани ја живеат најтешката есен, која донесе бројни штрајкови на вработените во здравството, јавната администрација, судството, образованието, но и кај најстарата популација, која протестира со месеци за достоинствени пензии. Како што велат, чашата е веќе прелеана, за едни државата е мајка, а за други маќеа. За функционерите има пари за раст на платите од 78 отсто, а септемвриските пензии порасна за само 5,3 отсто. Здравствените работници вчера, преку мирни протести пред здравствените објекти, се собраа да кажат дека не може да го поминат месецот со своите плати, а секојдневно се грижат за здравјето на пациентите. Пензионерите од сите градови на земјава, пак, бараат за 5.000 денари линеарно да се зголемат пензиите, а минималната да биде 18.000 денари.

На мирниот протест, кој се одвиваше во периодот од десет и 30 до 11 часот додека траеше паузата, им се придружија и возачите од Итната медицинска помош, оти, како што кажаа, додека се на работното место, речиси секој час по една минута ги вклучуваат сирените и трепкачките светла за да спасат нечиј живот.

Од Независниот синдикат на здравствените работници бараат од Владата итно да ги зголеми платите за 30 отсто за сите здравствени работници, вклучително и административниот и техничкиот персонал, како и медицинските сестри, кои им се десна рака на лекарите. Синдикатот бара и ревизија на колективниот договор, со што треба да се зголеми бонусот за инфекција од 1% на 4%, но и трансформација на договорите за вработување од определено на неопределено време за оние што работат на договор на дело.

Независниот синдикат искажа незадоволство од односот на Владата, бидејќи со месеци ги игнорира нивните барања за повисоки плати. За да нема застој со прегледите и останатите здравствени услуги што ги добиваат граѓаните од здравствените работници, предупредувачкиот протест се одржа за време на паузата.

Од Министерството за здравство уверуваат дека се прават напори за подобрување на стандардот на здравствениот работник. Но, велат дека не може се да се направи за краток рок. Тие потсетија дека во првата полoвина на годината платите се покачиле за 2.000, 2.500 и 3.000 за три различни групи здравствени работници.

– Сега, на 9 октомври, имаше ново покачување од 10%, плус е договорена исплата на регрес на крајот од годината. Министерот Фатмир Меџити силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат, меѓу другото, и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе. Министерството одржа повеќе состаноци со синдикатите, каде што беше разговарано на оваа тема, при што детално им беше образложен пристапот на Владата и на Министерството на здравство во однос на покачувањата – велат од Министерството за здравство.

И вработените од судството, повеќе од 300 вработени во јавните обвинителства, вчера, 17. ден, беа на улица. Од Синдикатот на УПОЗ најавија дека штрајкот не само што нема да престане туку и ќе се радикализира доколку не седне работна група од петмина министри да преговара со нив. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани остануваат на барањата за покачување на платите за 78 отсто и за враќање на додатоците на плата од 35 отсто.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, рече дека Владата треба да биде свесна дека доколку и по овој протест работната група не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото судство.

– Владата и обвинителот ‘мува не ги лази’, но да знаат: штрајкот нема да престане, штрајкувачите, од ден на ден, се сè посложни и доколку не седне работна група од петмина министри да преговара уште денес, од утре штрајкот ќе стане поригорозен. Досега се работеа само итните и неодложни работи, како претреси, притвори и неодложни жалби, а од утре нема да се работи ништо – реагираше Деаноски и јавно праша зошто Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нашите плати.

Според него, тоа значи дека во март идната година, кога ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата.

– Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3.000 до 4. 000 денари, што ќе направи уште еден хаос во управата, во обвинителствата и во судовите. А, ниту еден вработен нема да добие усогласување со порастот на минималната плата –реагира Деаноски.

Претседателката на синдикалната организација при јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ, Изабела Илиева, рече дека револтот кај обвинителите станува сè поголем и оти од утре ќе почнат со заострување на штрајкот. Таа потсети дека Синдикатот ѝ даден рок од 10 дена на работната група за постигнување договор.

Владата пред еден месец, на седница, донесе одлука да биде формирана работна група што ќе работи на изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна на судската, јавнообвинителската служба и вработените во органите на државната управа. Во работната група ќе бидат вклучени министрите за правда, финансии и за информатичко општество и администрација, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, како и претставници од Синдикатот на УПОЗ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.