Судски совет му возврати на Лога: Немаме намера да војуваме

news
Advertisement

Судскиот совет на Република Северна Македонија нема намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот.

Advertisement

– Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју за ТВ21, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат Советот.

Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на Советот, секогаш е добродојден на седниците на ова тело, каде може отворено да се дискутира за сите отворени на прашања и проблеми во судството.

– Впрочем, од страна на службите на Судскиот совет редовно му се испраќаат материјали за секоја седница, велат оттаму.

Од Советот нагласуваат дека ги прифаќаат сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но, како што наведуваат, не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.

– Судскиот совет функционира во согласност со своите законски надлежности и секој обид за директно мешање во неговата работа, ќе се толкува како „упад“ и притисок на претставник на извршната врз судската власт, заклучуваат оттаму.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.