Посебна комисија ќе се испитува смртта на едногодишното бебе во Охрид

news
Advertisement

Министерството за здравство ќе иницира вонреден инпекциски надзор за случајот со починатото две годишното дете во охридската болница.

Advertisement

Од министерството за медиумите информираа дека по разговор со надлежните од болницата детето било донесено без знаци на живот во болницата.лекарите го реанимирале но за жал неамло успех.

-Министерството за здравство ниту јавните здравствени установи немаат надлежност за издавање наредба за обдукција на Институт за судска медицина, ниту извештаи по завршена обдукција се доставуваат до МЗ, туку до истражните или судски органи.

Од СВР Охрид за Канал 5 ја потврдија информацијата од каде додаваат дека на телото немало никакви траги од насилство а бебето имало претходни заболувања.

Во соопштението од здравство нема детали за случајот односно за какви претходни заболувања станувало збор и дали е претходно бебето е лекувано во охридската болница.

Според СВР Охрид за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството.

Извор: https://kanal5.com.mk/posebna-komisija-kje-se-ispituva-smrtta-na-ednogodishnoto-bebe-vo-ohrid/a609974

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.