Advertisement
Advertisement
Погодните временски услови се одличен повод за ново истражување и авантура на нова туристичка атракција.
Водителката Сузана Турунџиева почетокот на месец март го искористи да замине во посета на Италија.
Прво ја истражуваше Катанија на Сицилија, а потоа ја посети најголемата туристичката атракција на источниот брег на овој остров, вулканот Етна.
Вулканот Етна, сместен е близу до Катанија, висок е 3.320 метри, што го прави највисокиот вулкан во Европа. Тој исто така е и еден од најактивните вулкани во светот.
Турунџиева со пријателките ја шеташе Катанија, каде ги посетија најпрепознатливите знаменитости, а судејќи по нејзиниот изглед на лицето задоволна е од она што го видела.
Фото: Инстаграм
РЖМ
Advertisement