Сè додека дишеме нема да се откажеме, велат родителите на починатата Јана од Битола

news
Advertisement

Сè додека дишеме нема да се откажеме, велат родителите на починатата Јана од Битола

Advertisement

Петгодишната Јана Христовска почина пред повеќе од еден месец откако прими инфузија во болницата во Битола.

Нејзините родители преку социјалните мрежи испратија порака во која велат дека се оставени без одговори од институциите, но најавуваат дека нема да се откажат од правдата.

-Обдукцијата е готова, испратена во судска медицина, после неколку дена судска медицина сеуште не го добила наодот од обдукцијата на Јана. Поминаа цели 2 месеци а вие уште не вртите.. За 7 дена за 10 дена, најкасно за 2 недели обдукцијата ќе биди готова…ни мачкате очи за да го прикриете нејзиното злодело. Ако дотичната докторка инаку сопруга на судија од основен суд Битола…

Ќе ги користи контактите на сопругот за да го исперЕ злоделото која е крива за целата ситуација нема вина нека се изјасни јавно како што ние јавно излеговме и кажавме се до детал. Сега кога веќе обдукцијата е готова ние уште ништо не знаеме. Работата е очигледна зошто толку се одолговлекува? Но ние нема да се откажиме! Што и да пишува на наодот од обдукцијата одговорност ќе се сноси по било која цена!! За најголемата загуба што ние нанесена нас како родители, за претрпениот стрес и вечната болка која ќе ја носиме со нас цел живот.!! Но ние нема тука да застаниме тоа е едно и сигурно ќе одиме до Крајј! Излегувате со изјаснување дека ќе работите најсовесно и најбрзо заради голем интерес на јавноста, но кој ќе ви поверува? Ни ја зедовте ќерката од раце! Се додека дишиме нема да се откажиме“, велат родителите на Јана.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.