Талибанците добија над 100 милиони долари помош

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи на талибанската влада на Авганистан, Амир Кан Мутаки денеска и се заблагодари на јапонската влада што им пружила помош од повеќе од 100 милиони долари. Во оваа прилика зборуваше портпаролот на талибанците Абдул Кахар Балки.

Advertisement

„На средбата со јапонскиот амбасадор во Кабул, министерот за надворешни работи Мутаки и се заблагодари на Јапонија за помошта од 106 милиони долари и нејзиниот позитивен дипломатски ангажман, нарекувајќи го патоказ за меѓународната заедница“, рече Балки на социјалните мрежи, пренесува Интерфакс.

За возврат, амбасадорот Окада Такеши рече дека Јапонија „најверојатно ќе ги преземе своите должности како членка на Советот за безбедност на ОН следната година и ќе се обиде да одигра позитивна улога во ова тело на ОН во однос на Авганистан“.

Мутаки ги пофали напорите на Јапонија и повика на конструктивно известување за достигнувањата на Талибанците во „спречувањето на одгледувањето опиум, намалувањето на административната корупција, обезбедувањето безбедност и други прашања“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.