Таравари: АА ќе поддржи промена на Уставот само ако се прифати нејзиниот пакет со 5 барања

news
Advertisement

Алијанса за Албанците ќе ја поддржи промената на Уставот, но само доколку се прифати нејзиниот пакет од пет барања. Ова денеска го посочи Арбен Таравари, кој на прес-конференција што се одржа во Тетово посочи дека тие нивни барања биле едноставни и Владата би требало без проблеми да ги прифати. Кои се барањата е сѐ уште енигма. Вели дека тие наскоро јавно ќе бидат објавени. Едно од тие барања е во Уставот да се избрише клаузулата 20% од населението кое зборува јазик различен од официјалниот јазик и наместо тоа да се стави албанскиот јазик.

Advertisement

„Нашите услови за уставните промени ќе бидат пакет мерки кои ќе ги побараме од Владата и нив ќе ги презентираме кон крајот на идната недела. Претходно, овој пакет мерки ќе го презентираме и пред амбасадорите од најзначајните земји. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Едно од нашите барања ќе биде еднаш за секогаш да го тргнеме тоа 20отсто и да биде барем како што беше во Југославија, кога македонскиот и албанскиот јазик беа јазици кои официјално се користеа. А за тоа дали ќе бидеме и дел од мнозинството, тоа сметам дека повеќе е спин од ДУИ кои таму се поделени во 3-4 фракции и не може да се поврзе кој со кого е. Иако ова е шпекулација, но ако има таков предлог тој треба сериозно да се разгледа во партиските тела и таму да се донесе одлука без разлика каква ќе биде таа“, изјави Таравари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.