Таравари: Албанскиот јазик да влезе во Уставот

news
Advertisement

Претседателот на владеачката Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека не треба да се пропушти момемнтот при отворање на Уставот за внес на Бугарите во Преамбулата да се замени и формулацијата 20 отсто со албански јазик. Тој во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон изјави дека за тоа не гледа дека би имале против ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ, ни шефот на државата.
„Де факто и де јуре албанскиот јазик е јазик којшто се користи секојдневно во Македонија во сите институции. Целата филозофија која што ја дебатираме сега е дали ќе стои албански или ќе стои бројка дваесет проценти. Ние сметаме дека ова е момент кога нашите сограѓани Македонци и нивните претставници политичките партии ќе видат дека е стварно моментот да ја тргнеме таа бројка. Како што инсистирам и македонскиот јазик да се користи така како што треба кога се напаѓа од било која држава, така и албанскиот сметам дека не треба да стои како проценти туку само тие 20 проценти да се заменат со албански јазик. Од албанските партии апсолутно сите се за тоа, и од македонските јас не гледам поголема пречка и СДСМ и ВМРО и декларативно. Меѓутоа и меѓу нас кога зборуваме, па дури и претседателот на државата пред неколку дена кажа дека е апсурдно да се користат проценти за еден јазик кој што и формално и правно се користи во државата. Така да се надевам дека овој е моментот кога ќе ги направиме овие промени заедно со воведување на Бугарите во преамбулата и тераме понатаму со европската агенда која што нема друга алтернатива за нашата држава во која што живееме“, кажа Таравари.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.