„ТАТКОТО НА ВАЊА МОРА ДА БИДЕ ПОВИКАН НА РАСПИТ“: Адвокатот Туфегиќ ќе бара одговор како снимките стигнале контроверзниот српски политичар Срѓан Ного

news
Advertisement

Утре до Апелацииониот суд во Скопје ќе биде поднесена жалба за притворот на Александар Ѓорчевски, таткото на 14- годишната Вања Ѓорчевска, кој е осомничен за учество во злосторството, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

Advertisement

Освен жалба за притворот, бранителот на таткото на Вања, адвокатот Туфегџиќ, ќе бара ОЈО да му објасни зошто неговиот клиент се уште не е повикан на распит. Бранителот ќе бара и инфорамции како снимките, на кои се слуша гласот на Александар Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

– Како бранител, до овој момент бев доволно трпелив и имав разборање. Неколку пати го контактирав Јавниот обвинител, меѓутоа до овој момент не добив одговор, ниту покана мојот клиент да даде исказ и да бидеме повикани во просториите на ОЈО да се запознаеме со доказите поради кои има основано сомнение за негова инволвираност. Јас сум лично изненаден од објавувањето на тие материјали. Истражните органи ќе треба да дадат одговор како и на кој начин се креирани материјалите и како дошле до лицето кое ги објавува. Во оваа прилика, јас можам да ја потврдам автентичноста на оној аудио запис каде што се слуша гласот на таткото, а надлежните истражни органи ќе треба да дадат одговор кој го креирал овој аудио материјал и како овој материјал е дојден до лицето кое ги објавува – вели Туфегџиќ.

Цел месец по убиствата, течат вторите 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и за Стефан Димковски, возачот на Љупчо Палевски Палчо, кого Обвинителството го сомничи дека е планер, организатор и реализатор на грабнувањето и убиствата.

Тој, пак, се уште е во екстрадационен затвор во Турција.

ИЗВОР. https://faktor.mk/tatkoto-na-vanja-mora-da-bide-povikan-na-raspit-advokatot-tufegikj-kje-bara-odgovor-kako-snimkite-stignale-kontroverzniot-srpski-politichar-srgjan-nogo?fbclid=IwAR3X1nT1ICANCUL_y2LNSh19-KmrAL6j3_9vvhDlpExqiViIVHWjA5vk1P0

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.