Таткото на исчезнатото момче во водите кај Желино: Отиде да плати семестар, но не се врати

news
Advertisement

Таткото на Е.Р. од Куманово кој вчера исчезна во водите на реката Вардар кај Желино, рано на утро пристигнал од Австрија. Тој пристигнал директно на местото на настанот кај мостот во Желино, но не е задоволен како се одвива потрагата.

Advertisement

„Тргнал за да плати семестар но не се врати. Ми кажа дека ке оди со авотобус, но во последен момент реши да оди со кола. Не знам како се случило. Штом ми се јавија тргнав да дојдам, ама еве. Само сакам да го најдеме жив или починат, само да го најдам…“ изјави таткото на Е.Р. пред локалната теливизија Коха. Тој и неговите роднини, сепак не е задоволен како се одвива потрагата од соодветните институции.

„Дојдоа нуркачите и се обидуваат да го најдат. Што да прават тие, немаат опрема. Многу сме назад во овој аспект„ изјави роднина на изчезнатиот.
Веќе втор ден се трага по 22 годишниот Е.Р. од Куманово, кој со своето возило падна во водите на реката Вардар кај село Желино.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.