Advertisement
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, не ги поштеди нападите и навредите кон Алијансата за Албанците, односно нејзиниот поранешен претседател Зиадин Села и актуелниот Арбен Таравари. Тачи во изјава за весникот ЛАЈМ дури и сериозно ги навреди последните двајца.
Advertisement
„Не постојат. Тие се како тоа магаре, магарето беше Зиадин, сега го замени со друго, уште послабо магаре како што е Таравари. Ни формално ги нема. Не верувам дека ќе станат дел од Владата дека се завршени.Само да се чека денот на изборите.Тоа ќе се случи после 6 месеци или после една година политички се егзекутирани.Не верувам дека ќе има шок во владеењето на државата бидејќи светот се соочува со многу голема агресија на Русија“, изјави Тачи.
Advertisement