Тачи: Не очекува тешка година, единствена надеж ни се ЕУ и САД

news
Advertisement

Не сум од тие политичари кои нудат надеж без поткритие, моите прогнози се дека не очекува тешка економска година на економски план, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи на годишната прес конференција на партијата. “Моите политички анализи, укажуваат дека 2022 година ќе остане забележана по руската агресија и војната против Украина, што ја дестабилизира целата меѓународна заедница, нормално и сите нас тука. Втора работа што произлегува од сето ова е тешката економска криза што следи. Не припаѓам во редот на тие политичари кои секој ден нудат надеж без поткритие, на жалост морам да кажам дека ситуацијата од економски план од наредната година ќе се влошува уште повеќе. Единствена наша надеж е ние да бидеме со нашите меѓународни партнери ЕУ и САД кои ни помагаат и се надевам дека и понатаму економски ќе помагаат“, изјави Тачи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.