„Тргна, па застана“ почетокот на повтореното судење за обвинетите во „Тврдина“

news
Advertisement

Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска долго не се задржаа во скопскиот кривичен суд каде беше закажан почетокот на новиот процес за „Таргет-Тврдина“ – еден од клучните предмети на поранешното СЈО за масовното прислушување и уништување на опремата за прислушување.

Advertisement

„Тргна, па застана“ – така може да се опише стартот на повтореното судење за обвинетите во овој случај. Процесот наиде на проблем – еден од обвинетите, Тони Јакимовски кој е во домашен притвор за друг предмет, не беше во судницата. По кусата пауза беше соопштено дека судот е одговорен за отсуството на Јакимовски – до него била пратена покана да се појави во судница, но истовремено не била дадена наредба до полициската станица за да го спроведе обвинетиот во судот. Откако го утврди пропустот, судот констатираше дека не се исполнети условите за одржување на главната расправа и затоа судењето ќе почне утре. Така што повтореното судење на можеби најважниот случај за незаконско постапување на функционери од претходната власт, имаше неславен почеток.

Дали очекувате некој да одговара за масовното прислушување – случајот „Таргет-Тврдина“ почнува од почеток?

„Сум кажал дека не се мешаме – владата во работата на судството, тоа е независно. Сите прашања во однос на кој било судски предмет, кој е во тек, треба да бидат поставени до судските и обвинителските институции“, рече премиерот Ковачевски.

Овој предмет пак влезе во судница откако во декември минатата година Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда од 2021 со која екс-директорот на УБК Мијалков беше осуден на 12, а поранешната министерка за внатрешни работи Јанкуловска на 4 години затвор за учество во масовното повеќегодишно прислушување политички опоненти, новинари, бизнисмени, граѓански активисти…

Во предметот, покрај Мијалков и Јанкуловска, беа обвинети 11 лица, кои со првостепената пресуда беа осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условна казна затвор. Поради опасност од застарување на дел од делата, оние на Мијалков веќе во 2025 година, се најавуваше забрзана динамика на судските рочишта. Но, денешните случувања пак ја покажаа неефикасноста на системот за навремено процесирање на предмети поврзани со незаконски дејства и корупција на високо ниво.

Тоа пак се одразува на ставовите на граѓаните – на последното истражување на Еврометар, обвинителството и судството се наоѓаат на дното на листата институции со најмала доверба во општеството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.