Антикорупциска отвори предмет за имотот на семејството Груби

news
Advertisement

Антикорупциска истражува како Артан Груби и неговото семејство го зголемиле сопствениот имот.. Информациите дека братот на вицепремиерот купил деловен простор во центарот на Скопје по багателна цена, веќе десетина дена ги проверуваат антикорупценионерите..

Advertisement

„Конкретно за Артан Груби, значи од тие наводи што се слушаат по медиумите, имаме отворен предмет, имаме и по пријава за сличните наводи. Се работи, кога ќе бидат обезбедени сите информации ќе излеземе со одлука на јавна седница“ изјави Шемси Салаи, Член на ДКСК.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекуваат за случајот да се заинтересира и Јавното обвинителство.. Во партијата се сомневаат дека Груби ја злоупотребил функцијата и овозможил неговиот брат да се стекне со имот по значително пониска цена од пазарната..

„Ги повикуваме уште еднаш институциите, да го истражат овој скандал и да проверат како е возможно семејството Груби да се стекне со имот 5 пати поевтин од пазарната цена. Да истражат дали семејството Груби платило повеќе но во кеш, со цел да го скрие потеклото на парите. Да испитаат дали Артан Груби ја искористил и злоупотребил позицијата во која што се наоѓа и на тој начин му помогнал на својот брат, да прибави ваква имотна корист“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на партијата, семејството Груби на криминален начин купило луксузен деловен простор во строгиот центар на градот од 127 квадрати по цена од 700 евра, иако, пазарната цена се движела околу 3 илјади евра за метар квадратен..

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.