Премиерите на Црна Гора и на Албанија потпишаа 11 договори и започнуваат заедничка изградба на мост на реката Бојана

news
Advertisement

Премиерите на Црна Гора и на Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама денеска во Подгорица потпишаа неколку меѓународни договори, меѓу кои е договорот за изградба на мостот на реката Бојана вреден 20 милиони долари и отворање на заедничкиот граничен премин.
На заедничката, свечена седница на двете влади, беа потпишани уште осум договори и меморандуми од областа на енергетиката, рибарството, заштитата на имотот, социјалната заштита, спортот, културата и медиумите, одбраната, здравството.

Advertisement

Абазовиќ и Рама по средбата изјавија дека потпишаните договори ќе придонесат за подобра соработка меѓу двете земји. Абазовиќ рече дека изградбата на мостот Бојана ќе чини околу 20 милиони евра и дека мостот ќе го скрати растојанието меѓу двете земји од десетици километри на 300 метри.

„Идејата за проектот ја покривме со наши средства, додека изградбата ќе ја покриеме со заеднички средства. Во Црна Гора платите се повисоки, така што Албанија не може да го плати мостот, ако веќе ја платила идејата за проектот“, изјави премиерот во техничкиот мандат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.