Тајната на шеширите на погребот на кралицата Елизабета! Еве зошто сите дами изгледаа скоро идентично (ФОТО)

news
Advertisement

Правилата за облекување и однесување на кралски погреб ги пропишала британската кралица Викторија во 1861 година, а еве како вчера ги испочитуваа членовите на кралското семејство.

Advertisement

Сите жени во кралското семејство, вклучувајќи ја и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, носеа црни шешири на погребот на кралицата Елизабета Втора како традиционален британски симбол на жалост. Принцезата Шарлот (7), ќерка на внукот на кралицата, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, за прв пат носеше црн шешир.

Според строгиот протокол, дамите се обврзани да носат црн шешир со некаква мрежа на лицето како знак на длабока жалост за починатата кралица. Мрежата е позната и како „превез на жалост“ и обезбедува одредена доза на приватност на ужалениот член на семејството. Но, бидејќи претходните денови црни шешири купуваа и обичните граѓани во Лондон, имаше вистински недостиг од истите.

Меган без превез на жалост

Според долгогодишната традиција, постои строг кодекс на облекување за денот на погребот на монархот. Дамите од кралското семејство му оддаваат почит на починатиот монарх со црни шешири и фасцнатори. Сопругата на кралот Камила избра елегантна помал шешир со дискретна мрежа преку лицето. Принцезата Кејт носеше малку поинаква шапка со широк обод со мал превез, додека сопругата на Хари, Меган Маркл, носеше елегантна црна капа со широк обод и без мрежа на лицето. Ова може да се толкува на два начина – Меган и официјално повеќе не е член на кралското семејство откако нејзе и Хари им беа одземени кралските привилегии, а постои можност еден член од кралското семејство да отстапи од строго пропишаните правила.

Инаку, кралските прописи предвидуваат строг кодекс на облекување, па сите дами од кралското семејство мораа да носат црни фустани и црни чорапи.

Шапката на принцезата Евгенија
https://t.co/fHnwH7OXfi
Единствената ќерка на кралицата, принцезата Ана, не ја криеше тагата поради смртта на нејзината мајка, а вниманието го привлече ќерката на принцот Ендру, принцезата Евгенија, која носеше необична црна шапка со превез. Нејзината сопствена сестра, принцезата Беатрис, имаше мала црна шапка со голем лак. Од сите дами на кралското семејство, само принцезата Кејт Мидлтон носеше накит на жалост, односно ѓердан од бисери, тие симболизираат солзи и сето тоа во знак на почит кон починатата кралица. Покрај тоа, таа носеше и бисерни обетки кои некогаш и припаѓале на кралицата.

Правилата за облекување и однесување на кралскиот погреб биле пропишани од кралицата Викторија во 1861 година по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Алберт.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.