ТВ Ора: Македонскиот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши потрошил 20 илјади евра за престој во хотел во Турција

news
Advertisement

Македонскиот министер Назим Буши во актуелната влада според пишувањата на Телевизија Ора потрошил дури 20 илјади евра за престој во претседателски апартман во хотел во Иснабул.

Advertisement

Како што пишува oranews.tv, Заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши потрошил дури 20.000 евра од ноќ во хотел во Истанбул.

– Скандалите на владини членови ги преминуваат границите. Со месечна плата од само 1.500 евра, заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши, спие во хотел кој чини 20.000 евра од ноќевање во Турција. Кој му ја платил за престојот во претседателскиот апартман во хотел во Истанбул, додека на видеото се гледа и неговиот син во друштво на две девојки. Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојуваше една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој зафаќа 850 метри – пишува ТВ Ора во својата анализа.

Според нивното пишување, на видеото јасно се гледа дека заменик министерот ги снима ентериерите на луксузниот апартман.

– Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки. Едноставно пребарување на Booking ни покажа дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20 илјади евра. Нормално, се поставуваат некои прашања: Може ли Буши да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, знаејќи дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице го направил престојот во Истанбул во октомври 2020 година? – прашуваат новинарите во написот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.