Приведени три лица од струмичко за пустошење на шума, кај нив пронајдени 25 кубици бесправно исечено огревно дрво

news
Advertisement

На 23.12.2022 во 14.00 часот на место викано „Варница“, во атар на село Варварица, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница, струмичко.

Advertisement

Лицата биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили.

Дрвата и запрежните возила се пренесени во склад на Јавното претпријатие „Национални шуми“ во Струмица. Трите лица се приведени и задржани во полициска станица Струмица, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума“, по член 226 од Кривичниот законик.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.