Тело на единаесетгодишно девојче најдено покрај река во Тексас, неколку дена откако било пријавено за исчезнато

news
Advertisement

Полицијата вчера го пронајде телото на Одри Канингем, 11-годишното девојче кое исчезна на пат кон училиште, во реката Тринити, Тексас. „Го пронајдовме нејзиното тело во реката, под автопатот 59“, изјави шерифот на округот Полк Бајрон Лајонс. Окружниот обвинител Шели Ситон на прес-конференција изјави дека се подготвува налог за апсење на Дон Стивен Мекдугал (42), кој моментално е во притвор. Тој бил уапсен во петокот по други обвиненија.

Advertisement

Полицијата засега не дава детали за убиството на девојчето, освен дека се чекаат резултатите од обдукцијата. Мекдугал, пријател на таткото на Одри, имал долго криминално досие. Во 2007 година, тој бил осуден за „примамување дете во округот Бразорија, Тексас“. Тој бил осуден во 2010 и 2019 година за тежок напад со смртоносно оружје, пишува Си-Ен-Ен.

За време на исчезнувањето на девојчето, во потрагата се вклучил и Мекдугал, кој тропал на вратите на мештаните и прашувал дали ја виделе. Минатата недела тој на социјалните мрежи изјави дека е невин.

„Бев таму, ме испрашуваа. Не бегам ниту се кријам. Направив се што можев да ја најдам. Не направив ништо лошо. Отидов и тропнав на вратите за да добијам информации”, напиша тој.

Мекдугал живеел во приколка на семејниот имот и понекогаш ја носел Одри до автобуската станица, рече шерифот. Нејзината куќа се наоѓала во близина на езерото Ливингстон. Мекдугал и Одри ја напуштиле куќата кон станицата околу 7 часот наутро во четвртокот.

Но, таа не се качила во училишниот автобус и не стигнала до училиштето. Во петокот, полицијата го пронашла нејзиниот ранец во близина на браната на езерото, на околу 8 километри од местото каде што подоцна било пронајдено нејзиното тело.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.