Тензично, но без инциденти помина отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

news
Advertisement

Тензично, со свирежи, скандирања, пцовки и навреди.Вака започна протестот против отворањето на бугарскиот клуб ,,Цар Борис Трети” во Охрид. Атмосферата се вжешти кога членовите на здружението го развеаа знамето со ликот на Царот Борис Трети па на бугарски јазик провокативно дофрлаа зборови кон демонстрантите.Тогаш тие почнаа да фрлаат со јајца кон нив па се судрија со полицискиот обрач кој спречи поголем инцидент.Кратко после тоа со полициска асистенција клубот беше отворен а демонстрантите останаа надвор пеејќи ја македонската химна. Граѓаните велат ова е директна порвокација кон македонскиот народ и охриѓани, во центарот на нивниот град да се отвори клуб со името на контроверзен лик поврзан со фашизмот.

Advertisement

Претседателот на здружението Томе Блажевски пак вели дека целиот случај е исполитизиран а тие немале таква намера со отворањето на клубот. Почитувачи сме на ликот и делото на Царот Борис Трети и тоа не може никој да ни го забрани или оспори додава Блажески.

Од Левица сметаат дека ова е уривање на уставниот и државен поредок на Македонија и разгорување на национална омраза, оти бугарскиот културен клуб носи контроверзно име поврзано со фашизмот.

Пратеничката Рашела Мизрахи пред отворањето на клубот во Охрид најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Закон за измена и надополна на Законот за здруженија и фондации, со што не само што ќе се спречи идно формирање на вакви квазикултурни клубови, туку и ќе може да се реагира за веќе постојните.

На отворањето на клубот присутвуваа амбасадорот на Бугарија во Македонија, бугарските конзули од Скопје и Битола, претставници од политички партии од Бугарија, како и бизнисменот и филантроп д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.