Тешка несреќа во Албанија: Осум загинати во возило кое излетало во река

news
Advertisement

Автомобил падна во река во југоисточна Албанија, при што загинаа сите осум лица во возилото, меѓу кои седуммина мигранти и возачот, соопшти албанската полиција. Возачот изгубил контрола и слетал во реката Вјоса на околу 240 километри југоисточно од Тирана, околу 4 часот наутро.

Advertisement

На местото на несреќата пронајдени се загинати осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток. Возачот на автомобилот е од Скадар.

На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.

Се сомнева дека седумте жртви се „од трети земји“, се вели во описот што полицијата често го користи за мигрантите. Албанија не е примарна рута за мигрантите, но низ неа минуваат мали групи од арапските земји или Азија за да стигнат до Италија по морски или копнен пат до други земји, пишува Асошиетед прес.

Во 2019 година, Албанија стана првата земја надвор од ЕУ која има службеници на Фронтекс кои управуваат со границите на југ и исток, кои мигрантите вообичаено ги минуваат, и да се борат со прекуграничниот криминал. Во февруари албанскиот парламент го одобри договорот земјата да прими илјада луѓе кои побарале азил во Италија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.